Никола Узунов – човек со интегритет
По сплет на околности, живеев во повеќе градови и земји и имав можност да остварам бројни контакти со луѓе од различен профил и ниво на образование, но со извонредни резултати во својата професионална дејност. Голем број од нив, на посреден или непосреден начин, придонесоа во подобрување на мојата „спирала на знаење“. Меѓу најзаслужните за тоа е, секако, професорот Никола Узунов, еден од најпознатите македонски економисти, член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). Професорот Узунов го запознав во почетокот на деведесеттите години, кога нашата фирма ЦОПИС од Сараево...